Нова IQOS мобилна зона во Поинт Ритејл Парк

Иновативниот електронски уред IQOS за загревање на тутунот, кој претставува подобра алтернатива во однос на цигарите, ќе може да се најде на мобилната IQOS зона, што сега е поставена пред трговскиот центар Поинт Ритејл Парк. Работното време на ова IQOS продажно место е од понеделник до сабота од 10:00 до 22:00 часот, додека недела и државните празници се неработни денови.

Овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе други градови во земјата. Во главниот град Скопје во моментов има вкупно шест IQOS зони, вклучувајќи ја и оваа нова привремена локација и тоа во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол, и мобилната зона во Веро Тафталиџе. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.

Уредот е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 10.5 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 73 пазари во светот и вкупно го користат 21,2 милиони луѓе, кои целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.