Нова Каледонија останува во Франција

Нова Каледонија во неделата со големо мнозинство гласови се изјасни против независноста на референдумот за самопределување, а го одбележа рекордната воздржаност на гласачите, особено по повикот на сепаратистите на бојкот на гласањето коешто требаше да го означи завршувањето на процесот на деколонизација започнат пред повеќе од 30 години во оваа француска прекуморска територија со специјален статус во југозападниот дел на Тихиот Океан.

Од излезените гласачи над 96 отсто од нив се изјасниле против независнсота. За споредба, на референдумите одржани на 2-ти октомври 2020 година и на 4-ти ноември 2018 година против независноста се изјасниле 56,7 отсто од избирачите, односно 53,3 отсто.

Но во неделата до 17 часот по локално време излегле 41,60 отсто од гласачите, во однос на 73,68 во 2018-та и 79,63 отсто во 2020 година.

Заговорниците на независноста најавија дека нема да излезат на изборите, со објаснување дека е невозможно да биде организирана „чесна кампања“, имајќи предвид дека островите од септември се зафатени со епидемија на коронавирусот, што би можело да го загрози слободното изјаснување.

Повикувајќи на смирување на ситуацијата, Ивон Кона, претседател на собранието надлежно за прашањата кои се однесуваат на обичаите и идентитетот на Канакчаните, автохтони меланезиски жители на Нова Каледонија, ги замоли „граѓаните Канака и каледонскиските прогресисти со неизлезнот на избирачките места денеска да го одбележат националениот ден на ‘жалост на Канака“.

Се чини дека повикот на сепаратистите на неизлегување на референдумот речиси целосно бил испочитуван, но бојкото всуѓшност одеше во прилог на изгласувањето на независноста. Во тој контекст победата на лојалисти, кои се за останување под пораншените колонилјани владетели беше очекувана.

Сепак, ова е клучен чекор во процесот започнат во 1988 година со ткн Матињонов договор потпишан во истоимениот хотел во Париз, кој го запечати помирувањето меѓу Канаки/ Канака, привите жители на Нова Каледонија и Калдоше, потомци на белите доселеници главно француски, по повегодишните насилства и тензии.

Откако на референдумите во 2018-та и 2020-та беше одбиенно отцепувањето од Франција, 185.000 гласачи уште еднаш требаа да одговорат на прашањето „Дали сакате Нова Каледонија да оствари целосен суверенитет и стане самостојна?“.

Во заднината на изјаснувањето беше сѐ позатегнатите односи меѓу Франција и нејзините сојзуници во регионот. Австралија го разгневи Парис со тоа што го раскина договорот за купување подморници проценет на околу 60 милијарди евра, откако Камбера го склучи новиот воен пакт со САД и Велика Британија познат по кратенката AUKUS.

Аналитичарите сметаат дека поради таквите тензии ја зголемуваат улогата на Кина во регионот, па затоа во пропагандата се инсистираше дека независна Нова Каледонија би можела да биде подложна на влијанието на Пекинг, а мотивацијата за тоа е наводно кинескиот интерес за тамошната рударска индустрија. Кина досега беше најголем увозник на металуршки производи, особено никел, од Нова Каледонија.

Без разлика на исходот од референдумот, „ден по нега ќе мора да продолжи заедничкиот живот“ со Франција, особено „имајќи предвид на геополитичката стварност во регионот’“, изјави во четвртокот францускиот претседател Емануел Макрон.