Нова книга „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов

 

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Македонска национална програма“ од проф. д-р Стефан Влахов Мицов. На страниците на своето најново дело познатиот научник студиозно пишува за македонската историја и за вредностите создавани низ вековите.

Во редакциската препорака за ова дело од капитално значење е забележано дека, за разлика од сите нации на Балканот, единствено Македонците немаат целосна национална програма, независно што за разлика од повеќето балкански народи во периодот од 15 до 18 век постои македонски протонационализам. Во изминатиот период македонскиот народ живеење со идејата за национално и социјално ослободување. Но, тие идеи и концепти не беа хомогени, бидејќи самиот народ беше подложен на различни политички, идеолошки, економски и културни притисоци, влијанија и пропаганди.

Стефан Влахов-Мицов (1956) е автор на богат научно истражувачки опус. Негови најзначајни дела се: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“,„Држава – како се гради и брани“, „Балканска психологија – државници и марионети“, „Творечки достречи во македонски дух и „Филозофија на балкансиот пекол“.