Нова книга на амбасадорот Ристо Никовски

Нова книга на амбасадорот Ристо Никовски
Нова книга на амбасадорот Ристо Никовски

Излезе од печат на новата книга на амбасадорот Ристо Никовски, која е насловена „Клучот за името е во Вашингтон, не во Атина“.

Инаку, книгата е селекција на колумни објавени во „мкд.мк“ и во други медиуми, во периодот од 2009 до 2013 година. Во неа доминираат теми поврзани со грчкиот проблем со нашето историско и уставно име, улогата на САД во тој галиматијас, улогата на Русија во регионот, позициите на Брисел во однос на Македонија и членството во НАТО и ЕУ, нашата надворешна политика, внатрешните политички состојби вклучувајќи ги и меѓуетничките односи.

Официјалната промоција на книгата е најавена за септември.