Излезе од печат книгата „Вистини за дискус херниите низ приказни од животот“ од професор д-р Миодраг Врчаковски.
На страниците од своето најново и најамбициозно научно дело, познатиот универзитетски професор и потврден специјалист во оваа област ги синтетизирал своите повеќедецениски согледувања, кои ќе предизвикаат широк интерес кај следбениците на оваа проблематика. Триесет и седумте текстови во оваа книга се илустрирани со фотографии, кои авторот ги направил за време на неговата долгогодишна лекарска практика.
Книгата е издадена од „Матица македонска“ .
Миодраг Врчаковски е автор на богат научен опус, високо вреднуван и цитиран во бројни публикации, објавувани во нашата земја и во странство. Неговите дела „Магнетна резонaнца на централниот нервен систем со примена на контрасни средства“ , „Магнетна резонанца, подарок од боговите“, „Тајните на хипофизата“ и „Моќта на протоните“ имаат широка едукативна примена во светски рамки.