Нова книга од Јован Стрезовски – „Додека трае убавината“

Издавачката куќа „Панили“ од Скопје ја објави книгата со кратки раскази „Додека трае убавината“ од Јован Стрезовски. На страниците од своето најново дело, писателот застапува сто и триесет текстови, поделени во седум тематски целини.

Во мотото на книгата се вели дека убавината е во секое нешто, само треба да се има очи за неа таа да се види и доживее. Боцките на дивата ружа израснуваат да го штитат цветот, но и за да го боцнат оној што минува крај цветот без да ја забележи неговата убавина.

– Кратките раскази на Јован Стрезовски можеме да ги прифатиме и како песни во проза, со силни и синтетизирани емоционални пораки. Тие се еластична, флексибилна форма која инкорпорира и други жанрови и естетски облици во своето јадро. Напишани се со богата и повеќеслојна, метафорична и експресивна лексика, истакнуваат од „Панили“.

Јован Стезовски е автор на богат поетски и раскачувачки опус, за кој е добитник на бројни награди, межу кои и на наградите „11 Октомви“, „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Гоцева повелба“ и „Книжевно жезло“.