Нова книга од Стојан Андов

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Јосип Брпз Тито и распадот на Југославија“ од познатиот политичар, писател и публицист Стојан Андов. На над четиристотини страници авторот разгледува и разјаснува бројни политички прашања и судбински настани поврзани со подемот и падот на поранешната југословенска федерација.

Драмата и трагедијата на југословенските народи при распадот на СФРЈ на разни начини и во разни области на животот на граѓаните беа и се чест предмет на мисловна преокупација и обработка. Многу уметнички творби во книжевноста, драматургијата, кинематографијата и публицистиката, за своја основа ги имаат тие драматични настани. На тие настани посветени се бројни уметнички, публицистички и научни дела на автори од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.

Книгата „Јосип Брпз Тито и распадот на Југославијa“ е прв посеопфатен публицистички труд од македонски автор, кој повеќе децении професионално бил ангажиран во министерствата и дипломатските претставништва и бил непосреден сведок во политичките збиднувања на југословенската федерација.
Стојан Андов по неговото пензионирање и повлекување од политичкиот живот, активно се посвети на пишување литературни и публицистички дела. Во изминативе години ги објави делата: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“ и „Враќањето на Американецот“.