Нова лага на Соросоидите

Нова лага на Соросоидите. Откако на некои од порталите финансирани од СОРОС се појави неоснована и бесмислена вест дека од Државниот архив на Република Македонија се вадат материјали, и тоа од страна на маскирани лица, се огласи и директорот на Државен архив, Филип Петровски.

Тој преку статусот на својот Фејсбук профил го објасни денешното случување пред Архивот. Како што наведува Петровски се работи за селидба на материјали од старото во новото депо, под постојан надзор и обезбедување на полицијата.

Кога ИДИОТИЗМОТ нема почеток ни крај.

Она што СОРОСОИДИТЕ сакаат да го претстават како сензација е најнормална активност на ДАРМ. Имено, се сели граѓа во сред бел ден од старото во новото депо.

Полиција не дошла набргу на лице место, туку е цело време присутна, од проста причина што го обезбедува 24 часа објектот по службена должност.

Понатака тоа неугледно комби е сопственост на архивот господа спинери, немаме поубаво. Маските се за заштита од бактериолошки неисправна хартија која може да биде опасна по живот, по респираторните органи.

Збрлавевте веќе од омраза па немате идеја што уште да исплукате. Ако нешто не ви е јасно треба да прашате. Архивот со задоволство ќе ви одговори и појасни се, пишува Петровски.

nova-laga-soros

Ова уште еднаш покажува дека мегафоните на СОРОС не планираат да запрат со измислување на лаги и бесмислици.