Нова лидерска средба на полноќ

Нова лидерска средба на полноќ. Лидерите на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА вклучени во разговорите за спроведување на договорот од Пржино ќе се сретнат ноќеска на полноќ, потврдуваат од политичките партии.

Разговорите на лидерите ќе продолжат откако пред неколку дена не беше постигнат договор за отворените прашања од договорот на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте деновиве имал одвоени средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во работните групи за спроведување на точките од договорот од 15-ти јули во Пржино.

Ванхауте на средба со новинарите во средата изјави дека ако до почетокот на ноември не се формира Државната изборна комисија и не се реализира Законот за специјалниот обвинител ќе се доведе во прашање валидноста на договорот и одржувањето на изборите.

Европската унија и САД исто така побараа од четирите најголеми политички партии, потписнички на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули, да продолжат со имплементирање на точките од договорот.