Нова метода за отстранување на тумор на Клиниката за неврохирургија

Нова техника за визуелизација на тумор на мозокот, за првпат беше изведена на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Веста ја објави неврохирургот Венко Филипче, кој порача дека денеска била имплементирана напредна техологија.

„Денеска на Клиниката за неврохирургија со мојот колега, д-р Владимир Рендевски, идниот заменик министер за здравство, на операција за прв пат изведовме нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите. Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување“, објави Филипче на Фејсбук.