Нова мода – ласерско белење на пенисот

Во Тајланд, земја во којашто многумина се опседнати со белеењето на темната кожа, заинтересираните од неодамна во понудата имаат уште една опција – ласерско побелување на пенисот.

Болницата „Lelux“, сместена во близина на тајландската престолнина Бангкок, новиот зафат го рекламира преку медиумите од пред само неколку дена и тоа било доволно мажите веднаш да ја затрупаат со пријави. Повеќе до десет веќе биле на третман, а се пријавиле стотина

„Сѐ оди толку брзо благодарејќи на социјалните мрежи. Веќе мораме да примаме резервации однапред… Едноставно одговоривме на потребите на нашите клиенти. Многумина ни бараа третмани за специфичните зони“, вели шефот на одделот за маркетинг во споменатата болница, Попол Танасакул.

„Користиме ист пигментациски ласер, како и за другите делови од кожата. Целата опрема има одобрување од тајландското министерство за здравство“, додава Попол.

Белеењето на женските интимни делови започнало, пак, пред половина година, но сепак навалицата не е толкава како кај мажите. Засега само триесетина жени се решиле за ваквиот зафат.

Од болницата појаснува дека најмногу пријавени клиентки се на возраст од 22 до 55 години, повеќето доаѓаат од ЛГБТ заедницата на Тајланд.

Никој досега не се жалел на постапката, сите клиенти и клиентки изгледаат среќни, тврди Попол,

Еден третман на белеење на гениталиите чини 4.990 бахти, или 155 американски долари. Не е објавено колку третмани се потребни за „онаа работа“ да побели, но лекари во репортажата на AFP велат дека ќе бидат доволни околу пет сесии, што вкупно ќе чинат 650 долари.