Нова победа на Академија Пандев, Вардар подобар во скопското дерби со Македонија Ѓ.П.

Академија Пандев продолжува со максимален учинок во фудбалскиот шампионат на Македонија и по триумфот над Шкупи. Вардар подобар од Македонија Ѓорче Петров на скопското дерби додека Работнички замина од Битола со трите бода како гостин кај Победа.

Резултати 3-то коло од мечевите во недела: Вардар – Македонија Ѓорче Петров 1:0, Академија Пандев – Шкупи 1:0, Победа – Работнички 0:2, Силекс – Ренова 1:0, а во понеделники играат Шкендија – Беласица

Табела:

1. Академија Пандев 9 бодови

2. Вардар 7

3. Работнички 6

4. Силекс 4

5. Победа 4

6. Ренова 3

7. Шкендија 2 (-1 натпревар)

8. Шкупи 2

9. Македонија Ѓорче Петров 1

10. Беласица 0 (-1 натпревар).