Во последниот натпревар од саботната програма 29-то коло од Премиер Лигата, Ливерпул на својот „Енфилд“ го совлада Њукасл Јунајтед со 2:0.
Стрелци на головите за „редсите“ беа брилјатниот Мохамед Салах во 40 и Садио Мане во 55 минута. Салах оваа сезона во Премиер лига постигна 24 голови и 8 асистенции, и во саботата му помогна на Ливерпул да се пробие на второто место од првенствената табела со 60 бодови, бод повеќе пред Манчестер Јунајтед кој има меч помалку. Њукасл, пак, се бори за опстанок, на 16-то место со 29 бодови.
Тотенхем очекувано го совлада Хадерсфил со 2:0, а двоен стрелец за „спарсите„“ беше јужниокореецот Хеунг-Ми сон, во 28 и 54 минута, кој сезонава постигна десет голови во Премиер лигата. Тотенхем останува на четвртото место сега со 58 бодови, додека Хадерсфилд е 15-ти со 30 бодови.
Евертон со 1:2 е поразен на гости кај Барнли. Евертон поведе во 20 минута со голот на Ченк Тосун во 20 минута, но во второто полувреме Барнли со головите на Ешли Барнс во 56 и Крис Вуд во 89 стаса до победата. Со трите бода Барнли се зацврсти на 7-то место со 40 бодови, додека Евертон остана на 34 бодови и на 10-та позиција на табелата.
Последнопласираниот Вест Бромвич Албион, кој има само 20 бодови, е сѐ поблиску до испаѓањето од лигата, а новиот пораз, од 0:1 го доживеа кај Вотфрод, кој сега е деветти со 36 бодови. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Трој Дини.
Свонси, кој долго време беше на дното, во последните шест кола постигна четири победи и едно реми, а во саботата на домашен терен го совлада Вест Хем со 4:1, па сега е на 13-то место со 30 бодови, колку што има и Вест Хем. Стрелци за домашните беа Ки Сунг-јен во 8, Мајк фан дер Хорн во 32, Кинг во 48 и Џеј Ејев во 63 минута од пенал, додека почесниот гол за гостите го постигна Антонио во 79 минута.
Лестер дури во седмата минута од судиското продолжение со колот на Махрез спаси бод на домашен терен против Борнмут кого во водство во 35 минута од пенал го доведе Кинг. Лестер сега е осми со 37 бодови, додека Борнмут има 33 одови и е 11-ти.
Во дербито на дното Саутемптон и Стоук Сити ги поделија бодовите без голови. Саутемптон е место над зоната на испаѓање 17-ти со 28 бодови, додека Стоук е претпоследен 19-ти со бод помалку.