Нова победа на Марсеј за зацврстување на втората позиција

Фудбалерите на Марсеј се зацврстија на второто место на табелата на француското првенство со петтата последователна победа совладеувајќи како гостин Анжер со 2:0 во дуелот од 16-тo коло.

Стрелци за Марсеј беа Морган Сансон во 17 и Димитри Пајет во 41 минута од пенал.

Вториот Марсеј сега има 31 бод, два помалку со два натпревара повеќе во ПСЖ, додека Анжер падна на петтот место со 24 бодови, два помалку од Бордо кој на свој терен го торпедираше Нимс со 6:0.

Дуелот во Бордо го одбележа прекинот од 25 минута кој го предизвикаа домашните навивачи искажувајќи незадоволство од постапките на управата на клубот. Имено, на минатата средба на најжестоките навивачи им беше одземен транспарент со кој протесираат против потпретседателот на клубот, па на почетокот од мечот во вторникот седнаа на работ од игралиштето, а судијата процени дека постои опасност од нивно втрчување на теренот.

Отако мечот продолжи, Бордо ја наполни мрежата на гостите. Хет-трик за домашните постигна Жош Маја во 24,37 и 53, два погодока постигна Отавио Енрике Сантос во 76 и во 87, а еден гол постигна Николас де Превил во 58 минута. Нимс останува претпоследен 19-ти со 12 бодови.

И стрелците на Брест беа расположени против Стразбур кого дома го поразија со 5:0. Головите ги постигнаа Александер Менди во 20, три гола постигна Кристијан Батокио во 45, 53 и 75 минута, а во четвртата минута од судиското продолжение пенал реализираше Герис Н’Гома.

Брест е 12-ти со 21 бод, а Стразбур моментално е 15-ти со 18 бодови.

Во последниот натпревар во вторникот Лил успеа да ја зачува четврттата позиција, сега со 25 бодови, едн помалку од Бордо, откако на гости со голот на Нанитамо Иконе во 68 минута. Лион е осми со 22 бодови.

Во среда се играат дуелите: Мец – Рен, Амјен – Ремс, Сен-Етјен – Ница, Тулуз – Монако, Дижон – Монпелје и ПСЖ – Нант.