Нова победа на Вориорс во предсезоната во НБА

Во уште еден претсезонски натпревар во НБА, Голден Стејт Вориорс по продолжението ги победија домашните Сакраменто Кингс со 121:115.

Најдобар стрелец кај Вориорс повторно беше Џонатан Куминга со 28 прекини, а Ендрју Вигинс додаде 20. Кингс ги предводеа Домантас Сабонис со 19 и Де’Арон Фокс со 17 поени

Синоќа во Лос Анџелес играа Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, а победија гостите со 108:97. Јани Адетокумбо постигна 16 поени со осум скока, а неговиот нов соиграч, 33-годишниот Демијан Лилард додаде 14 поени со три асистенции и два скока.

Во преостанатите подготвителни натпревари, Денвер Нагетс ги победија Чикаго Булс со 116:102, а Мајами Хит беа подобри од Мемфис Гризлис со 132:124.

Новата НБА сезона започнува на 25. октомври кога бранителот на титулата Денвер Нагетс играат против Лос Анџелес Лејкерс, а Голден Стејт против Феникс Санс.