Државата ги покрива и трошоците за водовод, канализација, за пат во типските населби. Овој проект во руралните средини ќе се реализира преку Програмата за рурален развој. Целата идеја ја потегна првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Ако се обезбедат 100 локации за куќи или повеќе, предлагам Владата да обезбеди поддршка и преку Програмата за рурален развој да покрие 100 проценти од трошоците за пристапен пат, канализација и водовод. Во урбаните средини до 20 илјади жители поддршката од државата би изнесувала до 90 проценти, а другите 10 проценти да ги обезбедат општините. За градови од 20 до 40 илјади жители државната поддршка би изнесувала до 80 проценти, а за средини со над 40 илјади жители, соодносот би изнесувал 75:25, образложи Груевски.
Дополнително, државата за граѓаните обезбеди бесплатни проекти за куќа, што претставува дополнителна заштеда, а понудени се типски куќа со различна квадратура.
Државна помош и за изградба на куќата
Државата обезбеди огромна финансиска поддршка за младите кои сакаат да изградат куќа. Посетеноста во рамките на проектот „Купи куќа за млади“ и отворените канцеларии ги урива сите рекорди.
Апелирам до сите млади луѓе да се информираат за проектот и да ја искористат можноста што ја даваат овие канцеларии. Во февруари организираме и карван низ повеќе градови во Македонија, со цел да го доближиме проектот до младите луѓе, вели вицепремиерот Ставрески.
Понудени се две опции, субвенционирана рата или субвенционирано учество. Преку првиот модел, финансиската поддршка од државата изнесува 11 години, 8 години се покриваат 80 проценти од трошоците, во следните три половина од трошоците, односно главница и камата, за кредит до 50 илјади евра.
Односно, ако месечната рата за кредитот изнесува 200 евра, во првите 8 години – 160 евра од месечната рата ќе плаќа Владата, а само 40 евра ќе плаќа граѓанинот. Деветтата, десеттата и единаесеттата година, месечната рата ќе се плаќа по половина, односно 100 евра Владата и 100 евра граѓанинот.
Каматата во првите…