Нова рекордна бројка починати во државата Њујорк, но состојбата се стабилизира

2020 in New York City. (Photo by Johannes EISELE / AFP) (Photo by JOHANNES EISELE/AFP via Getty Images)

Американската сојузна држава Њујорк го забележа новиот рекорден борј починати од коронавирусот во последните 24 часа со 779 смртни исходи, но напредувањето на епидемијата во државата се стабилизира, изјави во средата гувернерот Ендрју Куомо.

„Мерките за ограничување на движењето и запирањето на активистите кои не се неопходни донесоа резултати. Кривата на растот на новите хоспитализирања е во пад“, појасни на прес-конференција њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо.

Во последните 24 часа се хоспитализирани 586 лица, што е не многу поразлична бројка отколку во претходните три дена, но е значително пониска од оние забележани во државата Њујорк меѓу 25-ти март и 3-ти април, со повеќе од 1.000 хоспитализации дневно, освен на 27-ми март.

„Сѐ уште не излеговме од проблемите“, предупреди Куомо и потсети дека во државта Њујорк од Covid-19 починаа 6.268 луѓе, како и дека бројката од 779 смртни исходи во последното деноноќие го надминува рекордот од 731 починат во вторникот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, призна во вторникот дека официјалните резултати се значително пониски од вистинскиот број на починатите од коронавирусот во градот, бидејќи во овие податоци не се сметани многуте смртни исходи во домовите на заболените.

„Забавувањето на бројот на сместувањето во болниците е директно поврзано со нашите акции и нашето однесување. Ако ги прекинеме, ќе видите промена во насоката на кривата. Никој не кажа дека го достигнавме врвот“, истакна Куомо.

Повеќе од 400.000 лица се позитивини на коронавирусот во САД, откако пандемијата ја зафати земјата, во која се регистрирани над 13.000 смртни случаи.

Меѓу понеделникот и вторникот во САД од коронавирусот починале 1.939 лица, што се најлошите податоци за смртните исходи во една замја во светот од почетокот на пандемијата.

Командата на американската Национална гарда најави во средата дека бројот на нејзините припадници кои помагаат во борбата против коронавирусот ќе зголеми за над 10.000 во следните седмица до две. Генералот Џозеф Ленгиел за новинарите во Пентагон рече дека секојдневно повеќе од илјада војници на Националната гарда се приклучувале во овие дејствија, како и дека имаат одобрување да можат да ја зголемат бројноста до 44.000 војници. Во моментов 29.000 војнции се ангажирани ширум САД.