Се појави нова видео снимка од падот на патничкиот авион на компанијата „Флај Дубаи“ којшто се сруши во Ростов на Дон со 62 патника, а ниту еден не остана жив. Новата снимка која ја објавија руските медиуми може до доведе до пресврт во истрагата.
Објавено е уште едно видео од катастрофалната несреќа. На него се гледа падот на авионот од сосем друг агол.
Сепак експертите тврдат дека јаката светлина која се гледа на новата снимка најверојатно е светлото кое секогаш е запалено кога авионот слетува.