Нова супстанција ги подмладува крвните садови за 20 години

Промените во крвните садови на група на луѓе на возраст помеѓу 60 и 79 години значително се повлекле по само шест недели од употребата на антиоксиданс кој дејствува врз митохондриите, т.н. електрани на клетките“.

Научниците од колеџот Колорадо во Болдер велат дека крвните садови на 20 учесници во истражувањето се подмладиле, односно станале поеластични за 42 проценти, што одговара на вредностите на крвните садови на луѓе помлади за 15 до 20 години.

Во контролната група која добила само плацебо, научниците не нашле никакво подобрување.Но кога и тие почнале да ја земаат новата супстанција и нивните крвни садови се подмладиле.

Истражувањето било финансирано од Националните институти за здравје во САД, а сега треба да се повтори со поголема група испитаници.