Нов случај на тешко семејно насилство е регистрирано во БиХ во градот Живинце кај Тузла, каде маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил, потврдија полициски извори.
Локалната полиција во понеделникот потврди дека во неделата вечерта добила дојава дека во куќа во населбата Подгајевиу Живинице биле пронајдени тела на маж со иницијали М.А. (58) и иницијалите на сопругата Ч.Т. (52).
„Дежурниот лекар констатирал дека смртта настапила како последица од употреба на огнено оружје. Криминалистичката полиција извршила увид на лице место и во овој момент од истрагата може да се каже дека најверојатно се работи за самоубиство и убиство“, соопшти Министерството за внатрешни работи на округот Тузла.
Нема дополнителни информации за околностите на оваа трагедија, која се случи само десет дена откако 35-годишната Низама Хеќимовиќ беше убиена во Градачац од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа уби уште двајца мажи и рани уште тројца, а во крај исто така се самоуби.