![ist-gejt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ist-gejt.jpg?resize=696%2C395&ssl=1)
Во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“ се случило пукање попладнево. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека има пукање но засега нема подетални информации.
На 25-ти август годинава во „Ист Гејт“, исто така, имаше пукање предизвикано од мафијашка пресметка. Во подземните гаражи на центарот тогаш беше пукано кон 39-годишниот Р.Т. од Скопје, но тој не беше погоден од куршумите.
Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило „ауди“ со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.