Нова закана од Атина за Тирана во врска со нејзините аспирации за членство во ЕУ

Грчкиот претседател Прокопис Павлопоулос ѝ порача на Албанија во неделата да заборави на влез во Европската унија поради незадоволството на неговата земја од однесувањето на албанските власти во врска со имотот на грчкото малцинство во приморското гратче Химара.

На собирот одржан на островот Крф во сеќавање на грчкиот политичар Јоанис Каподистриас, Павлопулос рекол дека бруталното однесување врз човековите права не може да се толерира.

Каподистриас, според шефот на грчката држава, е пример на голем лидер не само за Грција, туку за цела Европа.

„Тоа треба да го имаат предвид Грците, но и оние кои се стремат да се приклучат во ЕУ. Ова го велам за нашиот сосед Албанија, земја со која сакаме секогаш да имаме добри односи. Но аванурстичкото однесување, како она што го гледаме меѓу Тирана и Приштина е брутално однесување со кое се кршат човековите права во случајот на малцинствата, правото на имот. Ние нема да стоиме индиферентни наспроти ваквото однесување“, посочил Павлопоулос.

Јоанис Каподистриас е грчки политичар роден во 1775 година на Крф, бил министер за надворешни работи на Царството Русија и бил познат дипломат во Европа.