![isis-syria](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/isis-syria.jpg?resize=620%2C350&ssl=1)
Се појави видео снимка од терористичката Исламска држава во која се упатуваат закани за терористички напади врз Лондон и се тврди дека следни ќе бидат аеродромите Хитроу и Гетвик, како и Даунинг Стрит, пренесува Раша Тудеј.
На видеото се гледа човек кој зборува со британски акцент:
Белгија, бриселскиот аеродром… Голема експлозија во него!
Хитроу, Гетвик, Даунинг стрит… Вие сте следни!, вели.
Снимката се појави само неколку дена откако бомбашите самоубијци на ИД извршија напади врз Брисел и убија 34 лица и повредија над 200 лица. ИД веќе ја презеде одговорноста за нападите.