Нова жртва од грип, Комисијата за заразни болести со апели за вакцинација

Оваа сезона можеби нема Ковид, но грипот продолжува да носи жртви. Нема нови случаи на магарешка кашлица, но има уште една жртва од грип. До денеска шестмина починаа, а она што е заедничко за сите нив е дека не биле невакцинирани.

Бројот на заразени расте – за една недела се регистрирани над илјада случаи. Комисијата излезе со препораки за вакцинација и за заштита на ранливите групи. Пикот на грипот сè уште не е достигнат. Големата кашлица е најопасна за малите деца. Кај нас има два случаја – девојка и шестмесечно бебе.

 

Ова е народски наречена „магарешка“ кашлица. Има повеќе стадиуми. Во секој стадиум има свои карактериски. Карактеристични се третиот стадиум и четвртиот стадиум кои може да завршат и со повраќање. Докоторите велат дека најчесто се јавуваат навечер.

Апелите од Комисијата за заразни болести се дека лицата над 65 години треба задолжително да се вакцинираат против сезонски грип.