Новак Ѓоковиќ: Овде се криев за време на бомбардирањето на Србија (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ многу често во своите интервјуа го напоменувал своето минато и војните кои ја погодуваа неговата Србија.

Последно кое ја заинтригира целата свестска јавност е големото интервју за светски познатиот Греем Бенсинџер кого Новак го одведе ни помалку ни повеќе туку во засолништето каде што тој и неговото семејство го минувале времето за време на бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година.

Нормално ова и тоа како одекна како бомбите од тоа време особено во САД кои што нормално не радо го споменуваат овој дел од светската историја.

„Овде ја поминувавме скоро секоја вечер. Навистина е неверојатно кога ќе се помисли колку народ имаше во овие простории. Сите брзаа да се засолнат и да се скријат од опасноста која доаѓање од небото. Овдека е исто како пред дваесет години“ – вели Ѓоковиќ.