НовАсном: Раскол во МПЦ-ОА

Интегрално соопштение од НовАсном:

Организацијата НовАсном го осудува чинот на давање на титуларот архимандрит на јеромонасите Кирил и Анатолиј од страна на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј кој сега заедно со предавниците од МПЦ-ОА сака да изврши притисок да се оспори томосот на афтокефалност добиен од СПЦ со која што МПЦ-ОА стана афтокефална, самостојна и рамноправна црква со сите други цркви. Исто така, ова е обид да се избрише придавката Македонска од името на МПЦ-ОА, содржано во комуникето од Цариградската Патријашија на 9 Мај 2022 се со цел за преименување на нашата црква во црква од Охрид и притоа губејќи ги црквите на МПЦ-ОА кои се во нашата дијаспора. Ова е директен напад на нашиот идентиет кој после македонската држава ние сега сме сведоци за обид да ја изгубиме нашата Македонска Православна Црква. Имаме сознанија дека три цркви и манастири на територија на Република Македонија ќе преминат под Цариградска Јурисдикција ако ова се оствари.

Сведоци сме на чин на формирање на парацрковна структура во склопот на МПЦ-ОА.

Предлог на организацијата НовАсном е да се свика синодот на МПЦ-ОА во пленарен состав на вонредна седница и  да ја разгледа новонастанатата ситуација, и да изрече санкции. Потребно е да се одстранат од МПЦ-ОА расколниците затоа што би имало други монаси кои можеби би тргнале по нивниот пат а со тоа ова ќе значи можеби и поделба на МПЦ-ОА. Ова е напад врз МПЦ-ОА, напад од кој што е потребна одбрана. НовАсном никогаш нема да ја прифати новата црковна творба креирана од Цариградската Патријашија која не го признава Македонскиот народ.