Новата армија на Косово ќе има 8.000 војници

Новата армија на Косово ќе има 8.000 војници, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Според изданието во армијата ќе има околу 5.000 војници и 3.000 лица од резерва. Сите ќе бидат професионално обучени, подготвена да го гарантираат територијалниот интегритет на Косово. Се очекува за неколку недели Владата да поднесе до Парламентот предлог-закон за формирање на Вооружените сили на Косово.