Новата влада на десниот центар предводена од премиерот Петр Фиала ја презема должноста во петокот, соочена со растечката инфлација и трошоците за енергијата, рекордниот буџетски дефицит и епидемијата на Covid-19.
Педесет иседумгодишниот поранешен универзитетски професор ја води коалицијата од пет партии кои се сместени по целата должина на политичкиот спкетар од неговите фискално-конзервативни Граѓански демократи до либералната Пиратската партија која првпат влегува во владата.
Коалицијата ја презема во време на зголемените трошоци на домаќинствата и новиот бран зарази со коронавирусот кој го преоптоварува чешкиот болнички систем. Исто така, ја населдува агендата која вклучува потенцијални тендери за нови нуклеарни реактори коишто чинат милијарди евра.
Новата владејачка коалиција обезбедо 108 мандати во 200-члениот долен дом на парламентот на почетокот од октомври, што се смета за стабилно мнозинство. Но се соочува со жестоките противења на партијата ANO на премиерот во заменување Андреј Бабиш, најголемата поединечна пратеничка група во парламентот, како и од крајно десната партија SPD.
Планот за намалување на потрошувачката компонента во буџетот за 2022 година за 3,58 милијарди долари ќе биде првиот голем тест: партиите мора да се договорат за мерките за штедење и управување со буџетот во кој задолжителните ставки за потрошувачката скокнаа последните години поради брзиот раст на пензиите и платите во јавниот сектор.
Премиерот Петр Фиала претходно седмицава избегна можен судир со договорот за именување на владата со чешкиот претседател Милош Земан. Претседателот се противеше на именувањето на 36-годишниот Јан Липавски од Пиратската партија за министер за надворешни работи. Земан имаше резерви поради ставот на Липавски кон Израел, долгогодишен сојузник на Чешка, и неговиот студен став кон Вишеградската група во која покрај неговара земја се уште и Полска, Словачка и Унгарија.
Во објавената се коалициска програма се наведува дека земјата ќе продолжи да го развува стратешкото партнерство со Израел и дека соработката со Вишеградската група, која е обединетат во тврдиот став против миграциите во Европската унија, ќе биде клучна в оодносите. Коалицијата, исто така, истакнува соработка со „демократиите“ во светото како Тајван или Јапонија во Азија, и се сака да се ревидираат односите со Русија и со Кина, двете држави со коишто претседателот Земан во минатото бараше подлабоки врски.