Новата девојка на Каније Вест се фотографирала без облека, а фотографијата ја објавила на Инстаграм.
Инфлуенсерката Чејни Џоунс (24) е забележана во друштво на американскиот рапер Каније Вест, а медиумите почнаа да пишуваат дека се работи за нова романса.
Со оглед на тоа дека целото внимание на фановите, но и на светските медиуми е насочено на текот на нивниот однос – фотографијата која ја објавила оваа млада инфлуенсерка не можела да пројде незабележано.
Фановите биле воодушевени од нејзината фотографија и многумина коментирале дека изгледа како божица.
„Толку си убава“, „Божице“, „Дали Каније го одобри ова?“, се само дел од коментарите.
Секако, фановите коментираат и дека сличноста со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан е повеќе од очигледна.