Новата девојка на Каније Вест се фотографирала без облека, само со коса

Новата девојка на Каније Вест се фотографирала без облека, а фотографијата ја објавила на Инстаграм.

Инфлуенсерката Чејни Џоунс (24) е забележана во друштво на американскиот рапер Каније Вест, а медиумите почнаа да пишуваат дека се работи за нова романса.

Со оглед на тоа дека целото внимание на фановите, но и на светските медиуми е насочено на текот на нивниот однос – фотографијата која ја објавила оваа млада инфлуенсерка не можела да пројде незабележано.

Имено, таа на Инстаграм објавила фотографија на која позира гола, со тоа што интимните делови ги покрила со долгата, црна коса.

Фановите биле воодушевени од нејзината фотографија и многумина коментирале дека изгледа како божица.

„Толку си убава“, „Божице“, „Дали Каније го одобри ова?“, се само дел од коментарите.

Секако, фановите коментираат и дека сличноста со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан е повеќе од очигледна.