Новата директорка на гинекологија д-р Ирена Алексиоска Папестиев била најдобар студент на генерацијата со просек 9,97.
Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година, како најдобар студент на генерација со просек 9,97 за што добива награда од УКИМ и македонското Лекарско друштво.
Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерство на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година.
Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска.
Паралелно со стручното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент, а моментално е избрана за професор.
Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија преку кои има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции.
Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.