Новата ковид варијанта ја има во соседна Албанија

Потврдено е присуството на новата ковид варијанта во соседна Албанија.

Институтот за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.

„Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“, изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.

Вели дека во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.

„Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите“, додаде Томини.

Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата.

Вчера од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Ковид пандемијата убила милион луѓе во светот од јануари годинава, објави вчера Светската здравствена организација (СЗО), која ги повикува владите да ја забрзаат вакцинацијата бидејќи една третина од светската популација не е вакцинирана.

фото: твитер/принтскрин