Новата НБА сезона започнува на 22 октомври

Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 22 октомври, објави во петокот северноамериканската професионална кошаркарска лига.

Бостон Селтикс одбраната на титулата ќе ја започне на 22 октомври со гостувањето кај Никс во Њујорк. Бруклин Нетс, на 23 октомври ќе ја започне сезоната со гостување кај Атланта Хокс, а два дена подоцна ќе гостува кај Орландо Меџик.

За Леброн Џејмс ова ќе биде 22-ра сезона во НБА, со што го израмни рекордот на Винс Картер. Неговиот ЛА Лејкерс ја отвора сезоната против Минесота Тимбервулфс на 22 октомври.

Оваа година НБА нема да биде ограничена само на натпреварите во САД, бидејќи три натпревари ќе се играат во странство. Во главниот град на Мексико, Сиудад де Мексико, на 2 ноември силите ќе ги одмерат Мајами Хит и Вашингтон Визардс, додека во Париз на 23 и 25 јануари двапати ќе играат Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс.

Секој тим ќе одигра 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната. Ол-стар натпреварот ќе се одржи на 16 февруари. Плејофот ќе започне на 19 април. Првиот натпревар од финалето ќе се одигра на 5 јуни.