Новата полска влада ќе ја промени процедурата за именување судии

Во петокот полскиот министер за правда Адам Боднар го претстави законот со цел да се промени начинот на избор на судии воведен од претходната влада, што предизвика спорови со Европската унија.

Поранешната влада на партијата Право и правда (PiS) со години беше во расправија со Брисел околу неговите судски реформи, за кои Европската унија сметаше дека го загрозуваат владеењето на правото, што резултираше со замрзнување на милијарди евра европски фондови за Полска.

Таканаречените „проевропски партии“, предводени од поранешниот премиер кој стана претседател на Европскиот совет откако вети дека ќе го научи англискиот јазик – Доналд Туск, успеаја да освојат мнозинство во парламентот на изборите на 15-ти декември, откако по осумгодишното владеење PiS повторно доби поединечно најмногу гласови но не и мноинство во Сејмот.

Новиот премиер Туск која ја имаше политичката и медиумската поддршка од Брисел изминатите години, вети дека ќе ги следи политиките на бирокртијата на ЕУ што што ќе го врати пристапот на земјата до европските фондови, со кои Варшава беше казнувана минатите години.

Една од клучните точки на спор меѓу PiS и Брисел беше процедурата за назначување судии, која критичарите ја сметаа за политизирана. На наводни неправилности во постапката што ја усвои поранешната влада укажуваа и Европскиот суд за човекови права (ECHR) и Судот на правдата на Европската унија (CJEU).

Боднар предлага членовите на Државниот судски совет (KRS) да бидат избрани од други судии, а судиите кои претходно ги предложило ова тело да бидат изземени од тој процес.

„Според нас, таков закон е во согласност со уставот и меѓународните договори поврзани со Полска и ќе ги исполни стандардите на пресудите на ECHR и CJEU“, рече заменик министерот Дариуш Мазур.