Новaтa претседателкa на државата на почетокот на мандатот треба да биде поддржанa, а не критикуванa

Некои поединци, одредени кругови на поединци како и некои субјекти од првиот ден од преземањето на мандатот за претседател на Републиката почнаа да ја критикуваат г-ѓа Гордана Силјановска Давкова. Значи сите што ja критикуваат грешат затоа што политичка личност не треба да биде критикувана од првиот ден на мандатот. Tака што, сиве овие критичари на новиот претседател немаат право да ја критикуваат затоа што за време на нејзиниот инаугуративен говор во Собранието во неделата, таа не го спомна уставното име на државата, Република Северна Македонија, туку го спомна само името Република Македонија.

Kолку што сите знаеме, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова никогаш не го спомна уставното име на државата во текот на целата предизборна кампања. Таа дури и ја обезбеди победата велејќи дека ќе и ја врати гордоста на Република Македонија, а не на Северна Македонија. Тогаш, која е грешката или гревот на новата претседателка на државата во врска со оваа некористење на уставното име од нејзина страна, нема грев а ниту ниту измама. И повторно, новата претседателка на државата не требa да биде критикувана уште од првиот ден од преземањето на функцијата.

И колку и да ја критикуваат овие што ги спомнав погоре новата претседателка на РM, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, сакам да кажам дека таа е моја професорка. Значи, кога зборувам за неа, должен сум да кажам дека е интелектуалец од висок ранг. Експерт за уставно право и политички систем. Основите и сите теории како и концепти за овие многу важни предмети за мене како дипломиран политиколог ги должам на нејзината нештедена и неуморна посветеност во просториите на Правниот факултет со седиште во Скопје. Г-ѓа професорка тогаш имала посебна почит и обѕир кон сите студенти воопшто но и кон секој студент поединечно и тогаш таа не дискриминирала никого по пол, раса, вера и етничка припадност. Задовоство и привилегија е што една ваква образована, културна и воспитана, како и интелектуално издигната личност, да ја води државата внатре и навор во нејзините односи , како и да не претставува сите нас како граѓани во петте години од нејзиниот мандат како претседател на Републиката.

Критика да, но само кога некоја јавна личност која се занимава со политика ќе направи сериозна грешка, инаку засега, за почеток, госпоѓа претседателка треба да биде поддржана од сите во државата, а не да ја критикуваат.

Автор: Ејуп Бериша