Новата рекордна вредност на Биткоинот е речиси 80.000 долари

Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд – синоќа достигна ново рекордно ниво од 79.654 долари.

Вредноста на најпознатата криптовалута претходно „скокна“ за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесуваат странските медиуми.

Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи.