Новата вакцина за туберкулоза може да спаси милиони

Секоја година во светот се регистрираат 10 милиони нови случаи на туберкулоза, во моментов водечката причина за смрт од заразни болести во светот, а овој тренд би можел да претставува пресврт дури и со делумно ефикасна вакцина, пишува The New York Times.

Новата експериментална вакцина би ги заштитила околу половината од луѓето кои ја примиле и тоа би можело да претставува пресврт во борбата против туберкулозата, најсмртоносната заразна болест во светот, објавија претходно седмицата научниците.

Иако 50-процентната ефикасност на вакцината е далеку од идеалното, бидејќи, на пример, вакцината против сипаниците има 98-процентна ефикасност, тоа сепак значи спасување на милиони луѓе. Секоја година 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза, а 1,6 милиони умираат од оваа болест. Пред пет години туберкулозата ја мина и СИДА-та како најсмртната заразна болест во светот.

Научниците кои биле вклучени во развојот на оваа вакцина, ги поздравија најновите резултати за нејзината успешност, но истакнуваат дека е потребно тестирање на вакцината на различни популации.

„Вакцината ветува и веројатно е подобра од нашата еден век стара BCG вакцина“, вели др. Марио Равиљоне, експерт за глобнално здравје на универзитетот во Милано кој ја води програмата на Светската здравствена организација за глобална борба против туберкулозата цели 14 години.

Вакцината BCG ги штити децата од некои видови туберкулоза, но не ги штити тинејџерите и возрасните од формата која ги напаѓа белите дробови, а кој е најчестиот тип. Пациентите заболени од туберкулоза патат од висока температура и ноќно потење, губење на тежината, искашлување крв и доколку не се лекувани на крајот умираат.

Новата вакцина, на којашто работи компанијата GSK и е позната под кратенката M72/AS01E, е тестирана на околу 3.300 возрасни лица во Кенија, Јужноафриканската Република и Замбија. Стие тие имале латентна туберкулоза која може но и не мора да напредува до стадиумот на активна туберкулоза.

Од оние кои добиле две дози од новата вакцина во интервал од еден месец, само кај 13 се развила активна туберкулоза во текот на тригодишниот период на следење, според резултатите од студијата објавена во медицинското списание New England Journal of Medicine. За разлика од нив, во контролираната групша која не била вакцинирана, кај 26 луѓе напредувала до стадиум на активна туберкулоа.

Експертите ја истакнуваат предноста на вакцината во однос на превенцијата со антибиотици, кои се замаат секојдневно во текот на еден месец, е и тоа што кај вакцината не можат да се развијат соеви од причинителите на туберкулозата отпорни на антибиотици, додека тоа е ризик кој го следи земањето антибиотици.

Стручњаците притоа истакнуваат дека важно прашање на коешто ќе мора да се одговори е она кој би требало да ја прима вакцината. Бројот на заболените од туберкулоза се разликува од земја до земја, па дури и од една заедница до друга. Најизложени на ризик се членовите на семејствата на пациентот со активна туберкулоа, лекарите и медицинскиот персонал кој се грижи за овие пациенти, и луѓето кои живеат во пренатрупани заедници во кои има близина на поединиците, како затворите и рудниците.