Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во петокот доцна попладнето ја прогласи новата варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 „загрижувачка“ и ја означи со следната буква од грчката алфабета – омикрон.
Варијантата претходно означена како B.1.1.529, првпат ја пријавиле научниците од Јужноафриканската Република на 11-ти ноември, а по секвенционирањето на нејзиниот геном е потврдена на 24-ти ноември.
Оваа ткн омикрон варијанта на коронавирусот е регистрирана и во Боцвана, Хонгконг а во петокот се потврдени случаи на зараза со неа во Израел и Белгија.
Од СЗО истакнуваат дека првите анализи сугерираат дека со оваа варијанта лесно може да се повтори заразата. Во соопштението на оваа агенција на Обединетите нации дека се шири во сите региони на Јужноафриканската Република.
„Оваа варијанта има голем број мутации од коишто некои се загрижувачки“, велат од СЗО чиишто функционери претходно спомнуваа дека станува збор за околу 100 мутации.
Не е невообичаено вирусите одвреме-навреме да се менуваат, односно да мутираат. Некој сој од вирусот според класификацијата на СЗО се определува како „загрижувачка“ кога нејзината мутација влијае врз пренесувањето и степенот на заразноста на вирусот или врз ефикасноста на вакцините.
Од СЗО, исто така, соопштија дека им се потребни неколку седмици за целосна анализа на новата варијанта на коронавирусот.
Но агенцијата се спротиставува на паничната занрана на патувањата кои веќе ги воведоа некои земји и наместо тоа советува „одмерен и научен пристап“.
Велика Британија, земјите челнки на ЕУ, Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и САД засега забранија прием на авиони од седум земји од југот на Африка, што за министерот за здравство на ЈАР, Џо Фаала го оцени како „неоправдано“ и „спротивно од стандардите на СЗО“.