Доаѓа обнова на Република Македонија!Повеќе за сите, повеќе пари за граѓаните, нови инфраструктурни проекти, општествени промени и конечен крај на транзицијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-По 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе економски бум, ќе има нови автопатски решенија од Велес преку Прилеп па се до Битола, ќе се изградат и неколку експресни патишта на потегот Куманово-Крива Паланка, Кочани-Радовиш, од Битола до границата со Грција, од Струмица до бугарската граница, како и од Кавадарци до Прилеп. Нема да има неасфалтиран регионален пат, односно ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе реконструира повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта во Република Македонија. За еден мандат новата Влада ќе го замени дотраениот асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и сите останати градови во државата, стои во нивното соопштение до јавноста.
Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 300 милиони евра во нови водоводни и канализациски мрежи. Македонските граѓани ќе добијат чиста вода за пиење и канализација кои ќе им овозможат пристоен живот.
-Рамниот данок ќе биде трајна заложба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Рамниот данок од 10 проценти во првите сто дена ќе се намали за 1 процент, а до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се изнесува 8 проценти. По 12 април Македонија ја очекува економска ренесанса, раст и развој кој ќе ги привлечат младите да останат, а гаранција за тоа се издржаните мерки и проекти и тимот кој ќе ги реализира, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.