Новата итачлијанската влада којашто ја сочинуваат досегашното антиестаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди (М5S) и левичарската Демократска партија (PD) дозволи во саботата француски хуманитарен брод да вплови во пристаништето на островот Лампедуза и да истовари 82 имигранти, со што направи пресврт во досегашната непоколеблива политика на затворените пристаништа што ја спроведуваше владата во која покрај М5Ѕ учествуваше и десната партија Лига.
Активистите на бродот „Ocean Viking“, кој го управуваат француското хуманитарно здружение „SOS Mediterranee“ и невладината организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF), на Twitter напишаа дека добиле зелено светло да се вкотват на Лампедуза, шест дена откако го извеле првото извлекување на имигрантите во морето крај брегот на Либија.
„Италијанските власти штотуку му понудија на Ocean Viking безбедно пристаниште“, објавија Лекари без граници. Локални функционери за AFP ја потврдила оваа информација.
Новата италијанска влада формално почна да функционира во вторникот ветувајќи нов пристап по цврстото одбивање на бродовите кои ги изнајмуваа невладините организации, што го воведе поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, како остварување на предизборното ветување кое му го донесе местото во владата на неговата партија Лига по последните парлаемнтарни избори лани и победа на мајските избори за Европскиот парламент.
Премиерот Џузепе Конте изјави во четвртокот дека „неколку земји од ЕУ“ се согласиле да ги примат Африканците од бродот „Ocean Viking“, но не изнесе поединосто, и веднаш не дозволи бродот да влезе во италијанските територијални води.
„Потребно ни е повеќе време, но на ‘Ocean Viking’ конечни му е доделено сигурно пристаниште. Мали знаци на дисконтинуитет“, рече Матео Орфини, функционер на Демократската партија која влезе во владата откако од неа истапи Лига.
Тврдиот став на Салвини кон имиграцијата придонесе за раст на популарноста на Лига, која во моментов сѐ уште има најголем рејтинг во анкетите, и по неуспешниот обид да издејствува предвремени парламентарни избори. Во текот на 14-те месеци на чело на министерството за внатрешни работи, Салвини воведе безбедносни мерки со кои има забрани на бродовите кои превезуваат имигранти да впловат во италијансктие води, образложувајќи го тоа со фактот дека Италија веќе понела преголема одговорноста за решавње на проблемот со африканските имигранти во Европската унија. На бродовите кои ги кршат овие мерки им се закануваше заплена и казна од милион евра.