
Претстаниците и министрите на пленарната седница во Собранието во петокот ќе одговараат на прашања поставени од пратеници, а ова е првата седница е прва за новиот владин состав и на неа единствена точка на дневен ред се пратенички прашања.
Според деловникот, седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток од месецот, но овојпат таа беше преместена за петок поради вчерашната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија којашто се одржа во Струмица.
Редоследот на поставување пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.
Последната седница за поставување пратенички прашања се одржа на 29-ти септември 2016 година, а на прашања одговараа тогашниот технички премиер Емил Димитриев и министрите од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.