Нови 1.000 лица останаа без работа за само еден месец

Нови 1.000 лица останаа без работа за само еден месец. Во февруари бројот на невработени достигна скоро 160 илјади, а отпуштени поради ковид кризата, од почетокот на пандемијата, Агенцијата изброи над 18 илјади лица. Сега со мерки и програми ќе им помага полесно да најдат работа. Државата одвои 24,5 милиони евра, пари, со кои приоритет за вработување ќе имаат прво отпуштените поради кризата, но и  лицата кои прифаќаат на различен етникум.

При изборот на кандидати кои аплицирале за некоја мерка,  треба да ја пресликаме сликата на нашето општество, односно треба да се запази диверзитетот по возраст, пол, верска и етничка припадност на ранливите категории граѓани.- Ако аплицираат компании чии сопственици се со различна етничка припадност, тогаш и во изборот на компаниите кои ќе бидат корисници на мерката како приматели на субвенција кои ќе вработуваат ранливи лица исто ќе бидат отсликани во сликата на општеството, изјави  министерката за труд Јагода Шахпаска

Невработените кои сакаат да започнат сопствен бизнис, ќе можат да добијат до 5,000 евра, односно до 10,000 ако се двајца содружници . Оние  кои сакаат да се стекнат со одредени вештини кај познат работодавач, 3 месеци ќе добиваат по 9,000 денари од државата, а за газдата  наменети се 30,000 денари .

Целта на Оперативниот план за вработување е да се намали невработеноста, да се опфатат различни категории ранливи граѓани, млади лица, жени, лица со попреченост,  да има правична етничка застапеност и да се  поттикне рамномерен регионален развој, велат владините преставници, вели Битиќи