Само викендов се регистрирани 11 нови случаи на жолтица во Скопје. Тројца од нив се основци и двајца кои одат во средно училиште. Има и едно дете од 2 години но тоа не оди во градинка. Останатите заразени се на возраст до 51 годинa, пренесува Здравство24.мк.
Новозаразените не се поврзани и од едно место туку ги има во 6 скопски општини. 4 се од Шутка, по двајца во Ѓорче Петров и Аеродром и по еден случај во Гази Баба и Бутел. Од нив 4 се хоспитализирани на Инфективна Клиника каде има уште 17 пациенти со жолтица.
Со ново заразените вкупната бројка во Скопје достигна до 144. Најмногу има во Шутка, каде минатата недела епидемиолошки тим од скопскиот центар за јавно здравје разговараше со локалната самоуправа за поголема хигиена и преземање на соодветни мерки.