Нови 12 случаи на ковид-19 на ЛОИ во Токио

Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Двајца од заразените се странски спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица.

Олимписките игри официјално ќе започнат утре и ќе траат до 8 август.