Со направени 2.972 PCR тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 582 нови случаи на зараза со коронавурусот, а во истиот период потврдени се уште 13 смртни исходи како последица од компликациите коишто ги предизвикува болеста Covid-19, соопшти во четвртокот Министерството за здравство.
Со последните податоци, точно една година по потврдувањето на првиот случај на заразата со коронавирусот во земјата, вкупно се потврдени 101.214 коронаинфекции, бројката на оздравени пациенти е 90.685, а на починати е 3.111 луѓе. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 7.418.
Речиси поливината, односно шест од новите починати се од Скопје на 64, 66, 72, 74, 77 и 89 години, три од Прилеп на 48, 72 и 83-годишна возраст, и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61), Охрид (75), Крива Паланка (83) и Пробиштип на 79 година. Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 44233, активни 3261
Куманово 5520, активни 238
Тетово 5413, активни 265
Прилеп 5287, активни 589
Гостивар 3764, активни 138
Штип 3641, активни 120
Битола 3402, активни 161
Велес 3416, активни 244
Охрид 3200, активни 387
Кавадарци 3253, активни 528
Струмица 2686, активни 161
Струга 2386, активни 159
Кочани 1814, активни 71
Кичево 1762, активни 59
Гевгелија 1187, активни 165
Неготино 1174, активни 169
Свети Николе 1105, активни 24
Ресен 805, активни 66
Крива Паланка 812, активни 68
Дебар 791, активни 40
Радовиш 744, активни 26
Делчево 732, активни 188
Берово 640, активни 26
Пробиштип 538, активни 22
Виница 518, активни 24
Валандово 360, активни 25
Кратово 274, активни 36
Демир Хисар 261, активни 11
Крушево 272, активни 65
Македонски Брод 252, активни 7
Богданци 260, активни 34
Демир Капија 240, активни 30
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 5