Во последните 24 часа се направени 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 788 нови случаи, во Битола 159, Прилеп 95, Куманово 79, Охрид 57, Кавадарци 47,
Велес 45, Кичево 38, Тетово 35, Штип 34, Струмица 33, Ресен 31, Гостивар 30, Неготино 29, Гевгелија 27, Кочани 26, Радовиш 24, Делчево и Крушево по 20, Струга 18, Валандово 16, Демир Хисар 14, Свети Николе 13, Берово 12, Богданци 11, Крива Паланка 10, Пробиштип 5, Дебар, Виница и Кратово по 3, по двајца во Македонски Брод, Демир Капија и во Македонска Каменица и еден нов случај во Пехчево.
Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.
Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.