Нови 133 случаи на Ковид-19, починало едно лице, оздравеле 156 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 20 реинфекции.

Оздравеле 156 пациенти. Од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово – по 6, Прилеп и Охрид – по 4, Тетово и Ресен – по 3, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, а пријавено на 08.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а на активни случаи изнесува 801.