Нови 14 случаи на морбили

Според Центарот за јавно здраје, од почетокот на епидемијата на морбили (6 јануари 2014г. ) досега се регистрирани  64 случаи на мали сипаници, кои се клинички, лабораториски и епидемиолошки поврзани.

Последнава недела регистрирани се 14 случаи од кои седум се на возраст од  30 до 43 години и седум на возраст до шест години.

Од новозаболените осум лица биле невакцинирани, пет се помали од 13 месеци и не подлежат на вакцинација за ова заболување, а едно лице било вакцинирано само со една доза МРП.

На Инфективна клиника во моментов се хоспитализирани осум лица

Со лица заболени од морбили се зафатени 10 општини во државата.

Од 62  потврдени случаи на морбили,   40 лица  не се вакцинирани,  12 лица не подлежат на вакцинација, четири лица немаат податок, а осум лица се вакцинирани со една доза на МРП.

Според извештајот за вакцинирани од Здравствен дом Скопје, од 31 март до 4 април вакцинирани се 197 деца на возраст од 12 месеци до 3 години и 161 дете на возраст од 6 до 13 години.