Нови 163 случаи на ковид-19, оздравеле 259, а починале 4 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се регистрирани 163 нови случаи на ковид-19, од направени 2.020 тестови. Во: Скопје – 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Оздравеле 259 пациенти.

Нема новопријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со ковид дијагноза од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати. Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања, вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а на активни случаи изнесува 1.434.