Нови 179 случаи на Ковид-19, оздравеле 175 пациенти, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 977 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 97, Кавадарци и Велес – по 9, Битола и Прилеп – по 8, Куманово и Берово – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Кратово – 3, Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2, Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.

Има 175 оздравени пациенти од: Скопје – 93, Битола – 19, Прилеп и Кавадарци – по 12, Куманово – 11, Гевгелија – 5, Гостивар – 4, Велес, Струмица, Крива Паланка и Кратово – по 3, Кочани – 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а на активни случаи изнесува 1.300.